Петар Печков
Објавено: сабота, 24 ноември 2012
Том Том се занимава со истражување на проток на сообраќајот во поголемите светски градови од 2007 година, за да ги развијат навигациските системи во возилата на корисниците на своите услуги.
Наместо следење на математички модели, оваа компанија собира податоци по пат на ГПС системите од милион возила ширум светот кои ги користат навигациските уреди на Том Том. На тој начин, се создава база на податоци која постојано се ажурира и која Том Том ја користи за подобрување на навигација на автомобилите во големите градови.
Врз основа на оваа база, објавена е листа на градови во Европа и Северна Америка со најголема загушеност во сообраќајот. Првото место на европската листа го зазаде Истамбул, со индекс на загушување од 57 отсто. Потоа следи Варшава со индекс 45 отсто, а на трето место е Марсеј со индекс 42 отсто.
Што се однесува до северноамериканскиот континент, тука очекувано на прв е Лос Анџелес со индекс 34 отсто, потоа следи канадскиот град Ванкувер со 33 отсто, додека трет е уште еден калифорниски град Сан Франциско 29 отсто.
Ако се прашувате каде тука на пример е Скопје, ќе останете без информација за загушување на нашиот главен град. Поголемиот дел од источна Европа и речиси целиот Балкан се изземени од оваа статистика.
Погледнете ја листата на сообраќајно најзагушените градови во Европа и Северна Америка:
Европа:
1. Истанбул 2. Варшава 3. Марсеј 4. Палермо 5. Рим 6. Париз 7. Штутгарт 8. Брисел 9. Хамбург 10. Стокхолм
Северна Америка:
1. Лос Анџелес 2. Ванкувер 3. Сан Франциско 4. Монтреал 5. Торонто 6. Вашингтон 7. Сиетл 8. Њујорк 9. Чикаго 10. Мајами
тексто е преземен од Б92 - Белград
Tweet |